Македонија
19. September 2018 - 12:57

Хорор во Битола: Деца на возраст од 14 и 16 години цела година силувале 12-годишно дете

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 14 и 16 години, двајцата од Битола за сторени три кривични дела “полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

На 16/17 април годинава во Битола на улица  “Караорман”, во домот на првопријавениот, истиот извршил обљуба врз 12 годишно дете од Битола.

Во летниот период во 2017 година на паркинг-простор во Битола второпријавениот извршил обљуба врз 12 годишното дете. Исто така, во февруари 2018 година во Битола, второпријавениот извршил други полови дејствија врз истото дете.