Хорор: Предраг заспал покрај запалена свеќа која предизвика пожар

Предраг Пантелиќ (58) изгоре во пожар во својата куќа кој избил во неделата три часа по полноќ во селото Бања кај Аранѓеловац.
Како што пренесуваат српските весници, според првичните информации, трагедијата ја предизвикала запалена свеќа која човекот ја оставил и заспал.
-Пантелиќ живеел сам и бил сиромашен. Во куќата немал струја, па се работел на свеќа. Веројатно го совладал сонот, и кога заспал, свеќата ги запалила работите. Се обидувавме да ги извлечеме човекот, но пожарот зафати поголем дел од куќата, раскажува сосед на настраданиот човек.
Пожарникарите по повикот стигнале за неполни 12 минути, но пожарот веќе го зафатил покривот на сронатата куќа во која престојувал.
-Не разбудија сирени. Слушнав како луѓето викаат зошто се плашеа за своите домови. Куќата на соседот беше стара и трошна. Така што брзо пламна. Среќа што пожарникарите брзо стигнаа и спречија натамошно ширење - додава соседката на настраданиот.
Телото на Предраг Пантелиќ е префрлено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
