Хорор: Мртво бебе завиткано во ќебе пронајдено на депонија

Тело на мртво бебе е пронајдено вчера на депонијата во местото Грачац кај Врњачка Бања и најверојатно е фрлено во еден од 140 -те контејнери лоцирани низ ова место.
Директорот на ЈП „Бањско зеленило и чистота“ Небејша Ристиќ рече дека неговите работници забележале тело на бебе при истовар на смет на депонијата.
-Ѓубрето е собрано на сите локации во Врњачка бања, а ги има 140. Во тој момент никој од работниците не го забележал бебето, а и невозможно е зошто ние не знаеме што се наоѓа внатре во контејнерите. Кога камионот отиде да го истовари ѓубрето т.н. рециклери, или луѓето кои живеат од продажба на секундарни суровини, го забележале мртвото бебе завиткано во ќебе, вели Ристиќ.
Тој додава дека работниците веднаш го известиле за се, и повикале полиција која направила увид на местото.
Телото на машкото бебе е испратено на обдукција во Општата болница „Студеница“ во Краљево, а целиот случај во води Основното обвинителство во Краљево.
Ново на Сител
-

По шест децении интерното одделение на струмичката болница целосно реновирано
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ со првомајски протест
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
