-->
-->
Хорор ја стресе Македонија: Силувани две девојчиња
-->

СВР Битола поднесе кривична пријава против 62-годишниот М.М. поради полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Пријавениот извршил полови дејствија и се самозадоволувал пред десетгодишно девојче од Битола. М.М. го искористил отсуството на мајката на девојчето и го извршил делото во нивниот дом. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
МВР информира за уште еден случај на педофилија, во Куманово. Пред два дена 34-годишната Н.С. од Куманово пријавила во полиција дека околу 23.00 часот, додека спиела, нејзината единаесетгодишна ќерка била повикана од соседот Д.М. од Куманово да влезе во неговото возило. Откако влегла во возилото Д.М. ја натерал орално да го задоволува. Биле забележани од сестрата на девојчето и која го прекинала дејствието.
За настанот е запознат Центарот за социјални работи Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
