Живот
5. јуни 2018 - 20:55

Хорор: Девојче (15) прегазило двајца додека учело да вози

Петнаесетгодишно девојче убило двајца мажи на паркинг во трговски центар во Филаделфија, додека учела да вози.

Во џипот кој девојчето го возело била нејзината мајка и уште две лица.

Локалните власти соопштија дека „нешто се случило“ при влезот на возилото на местото за паркирање, поради што џипот забрзано тргнал напред.

Жртвите се двајца мажи во своите 50-ти години, а седеле на ѕидот пред една продавница во текот на несреќата. Двајцата се прогласени за мртви на самото место.

Против девојчето се уште не е покренато обвинение, а истрагата е во тек.