Џет-Сет
6. April 2019 - 21:49

Холивудската ѕвезда удира на Трамп: Анџелина Џоли најави дека се подготвува за јавна функција

Актерката, режисерка и хуманитарка Анџелина Џоли е подготвена да влезе во политика и планира да се кандидира за некоја од јавните функции.

Џоли, која славата ја стекна со филмовите „Лара Крофт“, „Александар“ и “Господин и госпоѓа Смит’, изјави дека не ја исклучува можноста во иднина да се кандидира за јавна функција.

Таа моментално е многу ангажирана како амбасадор на Обединетите нации и Комесаријатот за бегалци на ОН. Иако не наведе точно за која функција е заинтересирана, се шпекулира дека тоа би можело да биде местото претседател на САД, каде авентуално би можела да го замени Доналд Трамп, кој догодина, судејќи по се, го очеквуа лесен реизбор имајќи во предвид дека демократите засега немаат доволно силен кандидат кој би победил.

Покрај тоа, таа не би била прва холивудска ѕвезда која се обидела во високата политика на САД. Роналд Реган стигна до Белата куќа, а Арнолд Шварценегер до гувернерското место во Калифорнија.

Друга јавна функциај која би можела да биде привлечна за Џоли е истражување на воени злосторства при Меѓународниот кривичен суд.

На прашањето дали е подготвена да се кандидира за јавна функција, актерката даде интересен одговор:

„Никогаш не вели никогаш. Не ја ислучувам таа можност во иднина. Но засега на другите им ја препуштам улогата на водач“, рече Анџелина Џоли.