Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен и по 30 евра по дете

Централната банка на Холандија издаде предупредување до граѓаните: секое домаќинство треба да има резерва во готовина за најмалку три дена, во случај на вонредна состојба.
Се препорачува да се чуваат најмалку 70 евра по возрасен и 30 евра по дете како – кеш, за покривање на основните трошоци доколку електронските системи за плаќање престанат да работат.
Една од главните причини за таквото предупредување е зголемувањето на заканата од кибер напади, што стануваат се поверојатни поради тензичната геополитичка ситуација, пишува Политико.
Во такви моменти, готовината може да биде единственото решение. Холандската централна банка препорачува да имаат граѓаните доволно готовина за основни трошоци за три дена – како што се вода, храна, лекови и превоз.
Банкарите не ги заборавиле ниту трговците – им се советува да овозможат алтернативни методи на плаќање, како што се QR кодовите, во случај терминалите за картички да не работат.
Тие препораки се дел од пошироката стратегија за итни случаи на Европската комисија, објавена во март. Според тој план, на граѓаните им се советува да имаат залихи од храна за три дена, со цел да ги обезбедат основните потреби во случај на војна, природни катастрофи или други кризи.
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
