Холандската амбасада деманира: Лажна e вестa е дека го поддржуваме ветото на Бугарија
Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом ќе се усвои преговарачката рамка, се вели во реакцијата од холандската амбасада во Скопје.
Известувањата во некои медиуми дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ се целосно неосновани и лажни вести, реагираа од холандската амбасада во Скопје.
„На 30 октомври 2020 година, владата на Холандија го информира холандскиот парламент за својата одлука дека првата меѓувладина конференција за Македонија може да се одржи. Овој став останува, се разбира, непроменет. Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом ќе се усвои преговарачката рамка“,
се вели во соопштението на амбасадата.
Претходно, бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, јави дека Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Македонија.
„24 часа“ пренесува и дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, претходно напиша на Фејсбук дека Бугарија не е сама во ветото за С Македонија и дека има поткрепа од уште најмалку две членки на Европскиот совет.
Пред еден месец холандската влада соопшти дека не гледа никаква пречка да даде зелено светло за одржување на првата меѓувладина седница со С Македонија.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
