Македонија
22. јуни 2016 - 15:30

Холандкса полиција: Ширум Европа банди приморуваат околу 300 деца да крадат

Холандската полиција објави дека организирани банди експлоатираат околу  300 деца ширум Европа приморувајќи ги да крадат најмалку 1.000 евра дневно.

Во полициска операција разоткриени се четири мрежи на банди во Холандија, Австрија, Хрватска и Босна, соопштија полициски извори во Холандија.

Истрагата почнала пред една година кога полицијата на железничка станица во Амстердам дознала дека малолетниците крадат под контрола на возрасни.

Според Би-Би-Си, децата се одведени од школо со задача да крадат по продавници и да џепарошат, а за малолетни девојчиња се сомневаат дека се сексуално злоставувани.