Свет
12. November 2021 - 9:10

Холандија повторно воведува „локдаун“ – баровите, рестораните и продавниците ќе работат до 19 часот

Холандија од утре повторно ќе воведе делумна блокада во обид да го спречи растот на заразени од ковид-19.

Според холандскиот државен медиум „НОС”, кој се повикува на извори од администрацијата, баровите, рестораните и продавниците ќе работат до 19 часот најмалку во следните три недели.

Од граѓаните ќе се бара да работат од дома, а публика нема да има на спортски настани. Училиштата, театрите и кината остануваат отворени.

Владата на Марк Руте ќе ја донесе конечната одлука во текот на денот, а новите мерки ќе ги соопшти на телевизиско обраќање во 18 часот.

Рапидно расте бројот на заразени во Холандија, откако на крајот на септември беа укинати рестриктивните мерки за социјална дистанца, а вчера беше регистриран рекорден број заболени од околу 16.000