Хојт Ји: Атина и Скопје имаат одлична можност да го решат името во 2018-та
Атина и Скопје имаат одлична можност да го решат прашањето за името во 2018 година. Лидерството и добрата волја од владите на двете земји се охрабрувачки, истакна Брајан Хојт Ји, заменик помошник државен секретар на САД во интервју за грчката новинска агенција АНА - МПА.
- Лидерството и добрата волја што неодамна ги изразија двете влади за ова прашање се охрабрувачки. Преговорите ќе бидат тешки, и двете страни мора да прават компромиси, но изгледа првичните разговори со посредништво на специјалниот пратеник на Обединетите нации Метју Нимиц беа конструктивни, истакнува Ји.
Тој го охрабрува и позитивниот тон што го гледа кај премиерот Зоран Заев во спроведувањето на реформите и подобрувањето на односите со соседните земји. Оцени и дека локалните избори поминале во клима на почитување на основните слободи.
Ји во интервјуто рече „не постојат такви планови“ во однос на шпекулациите дека тој би бил нов американски амбасадор во Скопје. - Белата куќа е единствено надлежна за тие прашања и нема соопштено ништо такво, рече Хојт Ји за државната новинска агенција на Грција
Ново на Сител
-

Мицкоски на увид во изградба на новата училишна зграда со поврзување на постоечкото ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден
-

Лазарева поворка и каланди во центарот на Скопје по повод Лазарева сабота
-

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
-

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут
-

Бруно Фернандеш играч на месецот во Премиер лигата
-

ЗОИ 2026 без допинг афера, прв пат по 28 години
