Хоџа: Владата нема конкретна сума за финансиските импликации за Законот за јазиците
Во моментов Владата нема конкретна сума за тоа колкави ќе бидат финансиските импликации од спроведувањето на Законот за употреба на јазиците. Минатата година за оваа намена биле издвоени 100 милиони денари, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Муамед Хоџа.
-По објавувањето на Законот за употреба на јазиците во „Служен весник“ сите институции се обврзани да создадат услови за практицирање на Законот во секојдневието. Секоја институција притоа треба да направи анализа на своите капацитети и зависно од таа анализа да ги преземе и чекорите со кои ќе се подобрат капацитетите и човечките ресурси во однос на остварување на Законот за јазици. Со Законот се предвидува и формирање на Инспекторат што ќе го мониторира исполнувањето на Законот од страна на сите институции. Во моментов немаме точна сума за финансиските импликации, односно колку тоа може да ја чини Македонија, но, во минатогодишниот Буџет беа обезбедени сто милиони денари за спроведување на овој Закон во пракса, рече Муамед Хоџа на новинарско прашање.
Запрашан како ќе се овозможи спроведување на овој Законт во општините и институциите каде нема вработено ниту еден Албанец, Хоџа посочи дека Законот важи за сите институции што постојат.
-За оние институции што не го практицираат јазикот согласно Законот за јазици што е во сила, се предвидуваат и казни, рече Хоџа.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово