Хјуман рајтс воч: Не треба да се дозволи влез на Хрватска во Шенген
Водечката меѓународна организација за човекови права Хјуман рајтс воч (ХРВ) оцени дека на Хрватска не треба да и се дозволи влез во Шенген-зоната поради третманот на мигрантите кои во таа земја влегуваат од соседна Босна и Херцеговина.
Во својата изјавата, организацијата ја критикува Европската комисија, која минатиот месец оцени дека Хрватска е подготвена да се приклучи на Шенген-зоната.
ХРВ смета дека „незаконското и насилно враќање на барателите на азил и мигрантите би требало да ја дисквалификува Хрватска за членство во Шенген-зоната, а дека Еврокомисијата испраќа порака дека кршењето човекови права не е пречка за придружување во просторот на патување без граници.
Официјален Загреб засега не даде коментар на извештајот на невладината организација. Хрватските власти, во повеќе наврати ги негираа обвиненијата за злоставување, упатени од страна на мигрантите и групите за човекови права.
Европската комисија во октомври оцени дека Хрватска ги исполнила неопходните критериуми за влез во Шенген-зоната и го повика Советот на ЕУ да ја вклучи Хрватска во просторот без внатрешни гранични контроли.
– Европската комисија смета, врз основа на резултатите од шенгенскиот процес за евалуација започнат во 2016 година, дека Хрватска ги презела неопходните мерки за да ги обезбеди потребните услови за целосна примена на правилата на Шенгенот и дека се исполнети стандардите – се наведува во соопштението на Комисијата.
Бугарија и Романија уште од 2011 година имаат позитивна евалуација од Европската комисија, но се уште не се дел од Шенген просторот, бидејќи нема согласност од сите држави.
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата