Хит: Дете (13) го запозна лично Барт Симпсон и сфати дека тој всушност е женско!
Хит на интернет е снимката од детето Џејмс (13) кои се обиде да и продаде колачиња на актерката ненси Картврајт. Таа е позната по тоа што го позајмува гласот на славното момче Барт Симпсон од анимираната ТВ серија „Симпсонови“, но детето тоа не го знаеше.
Кога го почнаа разговорот тој и рече дека продава кекси за да собере пари во добротворни цели и дека ова му е шеста кутија.
Актерката не можеше да го скрие искреното воодушевување поради она што го прави детето, а патем и праша кое одделение и колку има години.
Потоа и самата му се претстави и му рече дека и таа има 10 години и дека оди во основното училиште во Спрингфилд и дека нејзиното име е Барт Симпсон. Џејмс рече дека одлично го имитирала Барт, а Ненси го праша дали некогаш ја запознал личноста која му го дава гласот на Барт.
Потоа со гласот на Барт му предложи да се ракуваат и тука Џејмс сфати дека е таа која го оживува ликот на Барт Симпсон на малите екрани. Неговиот шок не може да се опише со зборови. Ненси потоа им предложи да купи 10 пакувања кекси, и на крајот детето ја гушна.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството