-->
-->
Хименез против шампионски шпалир за Реал: Многу ги почитуваме нашите навивачи
-->
Дефанзивецот на Атлетико, Хозе Хименез не се согласува со организирање шампионски шпалир за фудбалерите на Реал Мадрид пред почетокот на меѓусебниот дуел следното коло.
– Честитки до Реал Мадрид за титулата. Тие навистина го заслужуваат тоа, но ние имаме голема почит кон нашите навивачи, го кажа своето мислење Хименез за идејата да биде приреден шампионски коридор за „крелавите“.
Натпреварот од 35. коло во Ла Лига меѓу лутите градски ривали ќе се одржи на 8 мај на „Ванда Метрополитано“.
Атлетико синоќа загуби до Атлетик Билбао со 2:0 и си го доведе во прашање настапот во Лигата на шампионите следната сезона, додека Реал го победи Еспањол со 4:0 и го обезбеди трофејот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица, најголем дел со минимален пензиски износ
-

Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри
-

Прегледани 73 пациенти во јавните здравствени установи во Гостивар
-

Зоран Герасимовски избран за в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје, Ндерим Полиси на Основниот суд Струга
-

Вознемирувачки случај во Пробиштип: 74-годишник се самозадоволувал пред малолетно девојче
-

Топол бран до крајот на следната седмица, од среда температури над 40 степени
-

На Македонци додека ручале во Грција им провалиле во автомобилот – останале без пасоши, пари и документи
-

Меси се врати во Интер Мајами по Светското првенство 2026
