Хилари Клинтон ги обелодени своите даночни пријави
Претседателскиот кандидат на американската Демократска партија, Хилари Клинтон ги обелодени своите пријави за плаќање данок и побара тоа да го направи и нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп.
Минатата година таа платила федерален данок од 34,2 отсто, додека потпретедателскиот кандидат Тим Кејн, заедно со сопругата, платил данок по пониска стапка од 20,3 отсто.
Републиканскиот кандидат и милијардер Трамп, кој има разгранет хотелски бизнис и бизнис со недвижен имот, што се проценува во милјарди долари, одби да ги обелодени податоците за тоа колкав данок и платил на државата и за колкав процент бил ослободен од плаќање.
Вообичаена пракса е претседателските кандидати да им ги откријат на медиумите деталите од своите даночни пријави за приходите од претходната година.
Од нив јавноста и гласачите можат да видат какви даночни обврзници се кандидатите, колку пари одделиле за донации и за хуманитарни работи, како и други финансиски детали.
Семејството Клинтон најголемиот дел од ланските приходи ги остварило од консалтинг услуги, држење предавања и од објавените книги. Двајцата во 2015 година имале вкупен приход од 10 милиони долари.
Бил Клинтон потрошил 500 илјади долари за патувањата и за предавањата што ги има одржано низ САД и светот, додека Хилари за таа цел потрошила 250 илјади.
Половина од ослободените средства за оданочување ги употребиле за добротворни цели, вклучувајќи еден милион долари и за Фондацијата Клинтон.
Доналд Трамп е првиот претседателски кандидат по повеќе од 40 години, кој нема да ја прикаже својата даночна пријава.
Станува збор за пракса што е воспоставена од 1973 година, од тогашниот претседател Ричард Никсон, но која не е законска обврска за претседателските кандидати.
Ново на Сител
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите