Хелсиншки комитет: Остра осуда за обидите да се попречи правото на протест

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро ги осудува обидите да се попречи уставно загарантираното право на мирен протест на средношколците.
Истовремено, Хелсиншки во реакцијата извести дека Комитетот ќе поднесе претставка до Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат поради недозволивото однесување на директори на училишта, кои се обидоа со заплашување и закани да ги спречат учениците да излезат на денешниот Марш организиран од движењето Fridays for Future-Скопје и коалицијата „Зелен фронт“.
-Покрај неприкосновеноста на правото на протест, ја нагласуваме и потребата од промена во образовниот процес каде наместо да се добива демократска наобразба и охрабрување на учениците да ги практикуваат своите права, сведочиме на автократски пориви на лица кои се на раководни позиции во образованието, нагласува Хелсиншки.
Во соопштението се додава дека последиците од загадувањето и климатските промени се проблем од кој се погодени сите граѓани.
-Затоа, протестите имаат голема важност во подигнувањето на свеста за потребата од сеопфатна акција и претставуваат легитимен притисок врз институциите за преземање покрупни чекори кон промена на горчливата состојба, нагласува Хелсиншки.
Ново на Сител
-

Меси прогласен за играч на годината во МЛС во изборот на „Гол“
-

УХМР најавува пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините
-

Приведени три лица во Гостивар, пронајдена дрога во возило кое било нерегистрирано | ФОТО
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
-

Трамп: Се водат многу добри разговори за Украина, нешто може да се случи
-

Зеленски: Русија ја нападна Украина со 400 дронови и 40 ракети
-

Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта
-

ЗОИ 2026: Швајцарскиот женски хокеарски тим изолиран поради норовирус
