Хеликоптерска несреќа во Саудиска Арабија: Загина Принцот

Саудискиот принц Мансур Бин Мукрин загина заедно со уште неколкумина високи функционери во падот на хеликоптер во близина на границата со Јемен.
Локалните медиуми пренесуваат дека хеликоптерот се срушил во Асирскиот регион на југозападот од земјата, во близина на границата со Јемен, а се уште не е позната причината за падот на хеликоптерот.
Мансур Бин Мукрин беше заменик гувернер на регионот Асир, а животот го загубил заедно со уште неколкумина високи функционери. Хеликоптерот во еден момент исчезнал од радарите, а два часа подоцна било потврдено дека истиот се срушил и за жал никој не го преживеал падот.
На YouTube е објавена и видео снимка од влезот на принцот Бин Мукрин во хеликоптерот пред кобниот лет.
Оваа несреќа се случува во екот на големите потреси на политичката сцена во Саудиска Арабија и практично во истиот ден кога саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед Бин Салман нареди апсење на 11 принцови, четири министри и неколкумина бизнисмени - сите обвинети за корупциј
Ново на Сител
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
