Хашки суд: Ратко Младиќ бил клучна фигура во злосторствата во БиХ
Обвинителството на Хашкиот трибунал денеска, во својот завршен збор во судскиот процес против Ратко Младиќ, оцени дека тој бил клучно лице одговорно за масакрот на муслиманите во Сребреница и за злосторствата извршени со цел насилно создавање на српска држава во големи делови на БиХ.
Младиќ, кој денес има 74 години, е обвинет за геноцид, протерување, убиства и злосторства против човештвото. Обвинителството денеска започна со читање на завршниот збор, изложувајќи аргументи во судскиот процес против поранешниот командант на војската на босанските Срби за време на војната во БиХ во 90-те години на минатиот век.
Обвинителот Ален Тиегер се осврна на историските настани, кои и претходеа на војната, како и на сите точки од обвинението. Тој истакна дека Младиќ учествувал во планот, кој имал за цел радикална промена на демографската карта на делови од Босна, кон кои имале претензии босанските Срби.
Тиегер нагласи дека Младиќ имал апсолутна власт во армијата на босанските Срби, не одговарал пред никого и поради тоа е одговорен за се што се случило со несрпското население.
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите