Кошарка
23. July 2016 - 14:09

Харисон го собири рекордот на 100 метри со пречки стар 28 години

 

Американската атлетичарка Кендра Харисон го собори рекордот на 100 метри со пречки стар безмалку 28 години. 
 
Во трката 100 метри со пречки на митингот од „Дијаматнтската лига“ во Лондон, Харисон истрча време од 12 секунди и 21 стотинка што е за 9 стотинки подобро време на рекордот на легендарната Бугарка, Јорданка Донкова, поставен на 21 август 1988 година во Стара Загора во Бугарија.
 
Иако првиот објавен резултат на семафорот беше 12.58, веднаш потоа следуваше првата корекција 12.20, за на крајот официјално да биде потврдено времето 12.21 со што и официјално Харисон стана нова светска рекордерка. 
 
Ова беше последниот митинг од серијата на „Дијамантската лига“ пред Олимписките игри во Рио де Жанеиро, на кои Харисон нема да настапи бидејќи таа не успеа да се мине националните квалификации на САД.