Loading Video...
Кошарка
4. January 2019 - 18:22

Харден го предводеше Хјустон до победа над Голден Стејт

Екипата на Хјустон славеше победа над шампионот Голден Стејт во дербито од синоќешната програма во НБА лигата. 
 
Популарните „Ракети“ предводени од својата прва ѕвезда Џемс Харден ги совладаа „Воините“ со 135-134 по продолжение. 
 
Харден беше играч на мечот не само поради тројката постигната со звукот на сирената со која му донесе триумф на својот тим, туку пред се поради севкупниот учинокот завршувајќи го дуелот со трипл-дасл со 44 поени, 15 асистенции и 10 скока.
 
Гостинска победа оствари и Денвер кај Сакраменто со 117-113, додека во Сан Антонио „Спарси“ ги победија Торонто убедливо со 125-107.