Харадинај: Владината коалиција ќе го поддржи барањето на ЛДК за нови избори

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, коментирајќи го барањето на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) за предвремени парламентарни избори, изјави дека „доколку ЛДК е подготена за тоа, тогаш и Алјансата за иднината на Косово (ААК) ќе гласа за избори“.
Харадинај на прес-конференција по седница на Владата наведе дека и владината коалиција го подржува барањето на ЛДК за нови избори.
- Доколку одиме на избори и Алијансата и владината коалиција ќе им го даде гласот доколку се за избори, изјави Харадинај.
ЛДК вчера соопшти дека Косово се наоѓа во длабока институционална и политичка криза и ги повика политичките партии „што поитно да се состанат и да одредат датум за избори“.
Барањето на опозициската ЛДК како несериозно го оценија Демократската партија на Косово (ПДК) и Двжењето Самоопределување.
Инаку, на прес-конеренцијата Харадинај зборуваше и за одлуката на Бурунди да го повлече признавањето на независноста на Косово.
- Треба да бидеме внимателни со изјавите. Не знам дали е вистина дека Бурунди го повлекло признавањето на нашата земја,посочи Харадинај.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
