Харадинај, Весели и Љимај склучија предизборен коалициски договор

Демократската партија на Косово (ПДК), Алијансата за иднината на Косово (ААК) и Инцијативата за Косово (НИСМА) потпишаа предизборен коалициски договор за заеднички настап на предвремените косовски парламентарни избори, јави Радио Слободна Европа.
Според истиот извор, ПДК на Кадри Весели, ААК на Рамуш Харадиај и НИСМА на Фатмир Љумај постигнале договор синоќа само неколку минути пред полноќ, кога истекуваше крајниот рок за предавање на кандидатските листи.
Радиото информира дека кон оваа коалиција се приклучиле уште десетина помали партии.
Веста за договорената коалиција меѓу до неодамна скараните поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), ја објави на Фејсбук претставникот на Демократската партија на Косово Беким Хаџиу.
- Нов почеток - ПДК, ААК, НИСМА, стои на Фејсбук профилот на Хаџиу, чија партија досега беше дел од владината коалиција со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на премиерот Иса Мустафа.
Партијата на Харадинај, која досега беше во опозиција, претходно тврдеше дека има „црвени линии“ кога станува збор за коалицирање со владејачките партии.
Во исто време, ЛДК на Мистфа синоќа склучи предизборен договор со Алијансата за ново Косово (АКР) на Беџет Пацоли.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
