Харадинај: Нема да дозволам Ердоган да ни се меша во внатрешните работи

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска му порача на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Еродган дека нема да му дозволи да се меша во внатрешните работи на Косово.
- Никогаш не сум се мешал во внатрешните работи на Турција. Никого не прашуваме кога ги решаваме работите во нашата куќа, туку правиме како што сакаме. Тоа треба да им биде јасно на сите, изјави Харадинај.
Изјавата на Харадинај претставува одговор на критиките што кон него ги упати Ердоган по смената на косовскиот министер за внатрешни работи Флаг Сефај и на директорот на тајната служба Дритон Гашо, кои премиерот ги разреши по акцијата за апсење и протерување на шест лица кои Турција ги обвинува за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој според Анкара стои зад неуспешниот обид за воен удар од јули 2016 година.
Ердоган го обвини Харадинај дека „ги штити оние кои се одбидоа да извршат пуч во Турција“.
Екстрадицијата на шестмината турски државјани од Косово во Турција предизвка тензии во Косово и несогласување меѓу Харадинај и косовскиот претседател Хашим Тачи.
Ердоган јавно го пофали Тачи за „поддршка на апсењето на ѓуленистите“, а го критикуваше Хардинај, за кого оцени дека „кариерата му е завршена“ и ги повика косовските граѓани да протестираат против него.
Ново на Сител
-

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
-

Уапсени две лица откако едниот од нив репетирал пиштол и се заканувал кон група луѓе во Скопска чаршија
-

Приведени 6 лица поврзани со групна тепачка во угостителски објект во Велес
-

28-годишник од дебарско почина откако се повредил при сеча на дрва
-

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
-

Ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот "Талир 2"
-

Синот со над 30 убоди во вратот и градниот кош го убил татко му во Скопје, обвинителството отвори истрага
-

Полни трибини на „Петар Милошевски“ за реваншот на Силекс против Динамо Минск, карти веќе нема
