Харадинај му се заблагодари на Борисов за ставот кон Косово
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му се заблагодари на својот бугарски колега Бојко Борисов за, како што вели, принципиелниот став кон Косово и неговото право да биде дел од европското семјество, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај на својата страница на Фејсбук напиша дека одлуката идниот самит на земјите од Западен Балкан да се одржи во Бугарија и Северна Македонија го прави Берлинскиот процес уште позначаен за регионот.
– Косово е битен дел на овој процес и стои на страната на сојузниците како додадена вредност на интегрирањето на регионот во Европската унија. Меѓусебното признавање со Србија во постоечките граници би ги отворило нашите перспективи. Силно ја поддржувам визијата на премиерот Борисов за сеопфатна Европа, која ги надминува менталитетите од минатиот век, менталитети кои предизвикаа трагедии и исклучивост. Без вклучување на сите држави на Западен Балкан како составен дел на европското семејство, ЕУ нема да биде целосна. Благодарам Бојко, напиша Харадинај.
Ново на Сител
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата