Харадинај им се заблагодари на сите кои згрижија косовски семејства во 1999 година
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по повод Светскиот ден на бегалците, изјави дека Косово најдобро го познава тоа чувство на напуштање на татковината, „посебно во ’99-та година, кога беше во потрага по надеж и во бегство од српскиот геноцид“.
Харадинај преку објава на Фејсбук им се заблагодари на сите кои во последната војна згрижија албански семејства.
– Сочувствуваме со сите тие луѓе кои ги напуштија нивните земји и домови поради воени конфликти и насилство или разни злоставувања. Косово најдобро го познава тоа чувство на напуштање на татковината, посебно во ’99-та година, кога беше во потрага по надеж и во бегство од српскиот геноцид. Денеска им одавам највисоки почести на сите пријатели насекаде во светот кои ги засолнија албанските семејства, напиша Харадинај.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници