Хаос во Скопје - повредени седум лица

– Седум лица биле полесно повредени во шест од вкупно девет сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Во три незгоди била причинета материјална штета.
Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, а четири лица биле исклучени од сообраќај поради управување на возило под дејство на алкохол. Вкупно 14 возачи биле исклучени од сообраќај пред да се стекнат со право на управување на моторно возило.
Санкционирани се и 16 лица кои го управувале возилото со истечена важност на сообраќајната дозвола, едно лице управувало технички неисправно возило, а осум пешаци поминале коловоз вон пешачки премин. Тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, исто толку возачи не дале првенство на минување, пет возачи неправилно се престроиле и тројца возачи извршиле неправилно престигнување. Затекнато било 141 непрописно паркирано возило.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстрането биле 91 возило.
Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници ОУ „Кочо Рацин“ кое се наоѓа во населбата Петровец.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
