Свет
18. November 2018 - 14:01

Хаос во Франција: И денеска блокади на патиштата поради цените на горивата, и власта и граѓаните не се откажуваат

Ден откако околу 280.000 луѓе протестираа во Франција поради зголемувањето на цената на горивата, автопатиштата во таа земја утрово, во знак на протест се блокирани на околу 40 места, а владата препорачува дека нема да се откаже од еколошките мерки, јавуваат француските медиуми.

Францускаа мрежа „Венси оторут“ (VINCI Autoroutes) соопштија дека утрово се регистрани околу 40 протести по автопатиштата, откако во саботата сообраќајот беше наруен на територијата на целата земја.

Истовремено, француската влада утрово порача дека нема да ја менуваат својата фискална и еколошка политика, и покрај мобилизацијата на демонстраните во „жолти елеци“.

„Што се однесува до еколошката фискалност, продолжуваме по планот. Во спротивно би биле несовесни“, изјави денеска за Паризијен министерот за еколошка и солидарна транзиција Франсоа де Риги. Како што наведе, владата е избрана да ги реши проблемите и тоа ќе продолжи да го прави без отстапки.

„Апсолутно треба да се излезе од таа замка на секој автомобил на бензин и дизел во која толку долго сме затворени“, рече тој.

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане изјави утрово за радиот Ероп 1 дека повеќето Французи одлучиле „да не ги облечат жолтите елеци“, односно да не се приклучуваат на протестите. Исто така рече дека вчерашните насилни протести се предвидени, посебно затоа што во протестите учествувале млади од предградијата.

„Моравме да мобилизираме илјадници полицајци, па имаше и исцрпени... Имавме и повредени. Тоа не ми се чини разумно“, рече министерот. Според неговите зборови, повредени има и меѓу демонстрантите и меѓу полицајците.

Една 50-годишна жена настрада во текот на вчерашните протести во Франциј организирани поради високите цени на горивата, а најмалку 227 лица се повредени, од кои 6 потешко, соопшти француското МВР.

Официјални лица од Министерството наведоа дека на протестите имало 283.000 учесници, и претежно биле мирни.

Сепак некои демонстрантие се обиделе во Париз да дојдат до претседателската Елисејска палата и тогаш полицијата интервенирала употребуваќи солзавец.

Приведени се 117 лица, а 73 се задржани на испитување.

Зголемувањето на цените на фосилните горива е дела од стратегијата на претседателот Емануел Макрон да се откажат од тој вид гориво, а многу возачи ги сметаат како рамнодушност на врвот на власта кон секојдневните економски проблеми на граѓаните.