Македонија
17. July 2018 - 21:06

Хан во Македонија - почна скрининг процесот - Османи и Маричиќ ќе ги водат преговорите

Почнува скрининг процесот на Европската комисија на македонското законодавство и на администрација за нејзината подготвеност за преговори за членство, закажани за јуни 2018 година. Заклулоците со првите препораки денеска во Владфата ги донесе еврокомесарот Јохане Хан. Тој присуствуваше на владината седница на која беше утврден и македонскиот преговарачки тим.

Хан пак, рече дека ова е уште еден добар ден за македонските евроинтеграции, но напомена дека сепак клучен за преговорите ќе биде успешниот референдум за името.

Од Владата Хан замина и во Собранието на средба со Џафери. Зад затворени врати во парламентот Хан разговараше и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Состанокот со опозцискитот лидер траеше повеќе од еден час.

Пред пратениците, пак,  еврокомесарот рече Собранието ќе биде една од најважните институтции во исполнувањето на обврските од скрининг процесот. Имате рандеву со историјата и за тоа нема време за губење, порача Хан. Со различни ставови околу начинот на кој се одвиваат евроинтеграциите излегоа пратениците навласта и опозцијата.

Главен политички преговорач ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Главен технички преговарач пак, ќе биде Бојан Маричиќ, советник во кабиентот на премиерот Заев. Секретаријатот за европски прашања и кабинетот на Заев до крајот на месецов пак, ќе треба да го направат првиот план на активности околу скринингот.

Клучни во овој процес повторно ќе бидат реформите во судството и владеењето на правото, јавната администрација, безбедносните и разузнавачките служби.