-->
-->
Хан: Спроведување на договорот и фер избори во април
-->

Јулскиот договор и договорот од Пржино треба да се спроведе и да се одржат фер и транспарентни избори во април следната година, порача Јоханес Хан, еврокомесар за соседска политика и преговори за проширување по денешната Трета Спик Ап во Брисел.
Брисел, истакна Хан, со засилен надзор ќе гарантира фер избори во Македонија.
- Имаме постигнато договор во Македонија со сите главни политички партии. Тоа е јулскиот договор и тие треба да го спроведат. Целта се фер и транспарентни избори наредната година во април. Доколку се исполни овој договор ве уверувам дека сите европски институции кои набљудуваат како ОБСЕ и ОДИХР и Советот на Европа ќе се погрижат да дојдат за да се осигураат дека тоа навистина ќе биде така. Ќе распоредиме многу луѓе за да се увериме дека овој договор ќе биде испочтуван, изјави Хан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
