Хан: Популистите никогаш ништо не направиле
Европскиот комесар за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, ги повика граѓаните на земјите-членки на ЕУ да размислуваат „европски” на изборите за Европскиот парламент и оцени дека популистите никогаш досега не направиле ништо добро.
- Не ми е познато дека некое популистичко движење некогаш донело нешто (добро). Во најдобар случај, ништо не се случува и, како по правило, нешто уништуваат, предупреди Хан на трибина во Виена.
Тој потсети дека решенијата што се предлагаат од популистите само ги заоструваат проблемите.
Поранешната потпретседателка на ЕП, Урлике Луначек на истиот собир рече дека популизмот „како метода“ често е потребен за да во краток временски интервал се согледаат комплексни проблеми, но сепак суштината е дека попуистите сакаат само да уништат соработка.
Ново на Сител
-
Починато бебе однесено во струшката болница
-
Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
-
ЕУ извештај во кој се признаваат македонскиот јазик и идентитет
-
Преглед на вестите од светот
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје
-
Прес-конфецернција на премиерот Христијан Мицкоски