Балкан
6. November 2015 - 15:14

Хан: Косовската опозиција ја блокира евроинтеграцијата на земјата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој денеска пристигна во посета на Приштина, ги предупреди опозициските партии во Косово, дека блокирањето на Парламентот ја блокира евроинтеграцијата на земјата.

Косово минатата седмица потпиша Спогодба за стабилизација и асоцијација со ЕУ, што се смета за важен стимул за економскиот развој.

- Сметаме дека политичките дебати треба да се водат во Парламентот од сите негови членови, избрани од граѓаните, рече Хан на прес-конференција со косовскиот премиер Иса Мустафа.

Во изминатите два месеца, косовската опозиција неколку пати ја прекинуваше работата на Парламентот со пуштање солзавец во салата, исвиркување и фрлање со јајца. 

Опозицијата бара Владата да се откаже од договорот со Србија, кој дава повеќе права на Србите во областите каде што се мнозинство, и од договорот за определување на границата меѓу Косово и Црна Гора.