Хамилтон: Раководството е виновно за досадните трки
Луис Хамилтон во неделата стигна до својата четврта победа во низа и шеста оваа сезона без релативно голема мака на Француското ГП, по што изјави дека возачите не се виновни за досадните трки, туку тие кои ги создаваат правилата.
„Ќе разберам ако ја наречете трката досадна. Но, не покажувајте со прст кон возачите, бидејќи ние не сме тие кои ги пишуваме правилата. Притисокот треба да се насочи кон тие што се на чело, кои треба да ја вршат својата работа. Мислам дека се обидуваат да направат добра работа, но многу години има само лоши одлуки“, вели Хамилтон.
Британецот има 36 поени предност пред својот тимски колега Валтери Ботас, додека Себастијан Фетел во Ферари на третото место заостанува 76 поени, со што надежите за интересна сезона со тесно тркање и борба за титулата се завршени и пред летната пауза во Ф1.
Мерцедес сега имаат 10 победи во низа (осум оваа сезона и две на крајот на минатата), а Хамилтон беше најбрз на сите тренинг-сесии и на квалификациите во Франција. Во текот на трката тој не требаше да претекне никого, ниту да ја брани својата позиција од Ботас, кој заостана 18 секунди.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024