-->
-->
Хамилтон победник на германското Гранд-при
-->

Британецот Луис Хамилтон е победник на 12-тата трка во Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Германија.
Возачот на Мерцедес прв ја мина целната рамнина на патеката во Хокенхајм, остварувајќи ја шестата победа сезонава, четврта во низа. Лошиот старт на неговиот клупски колега Нико Розберг кој ја имаше пол-позицијата покрај Британецот ја искористија и возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Верстапен кои го пополнија пиедесталот заедно со Хамилтон.
Германецот Розберг заврши како четврто пласира, а зад него трката ја завршија возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
Во генералниот пласман сега Хамилтон има вкупно 217 бодови, односно 19 повеќе од Нико Розбер. По нив следуваат: Даниел Рикардо (Ред Бул) 133, Кими Раиконен (Ферари) 122, Себастијан Фетел 120 (Ферари), Макс Верстапен (Ред Бул) 110 ...
Следната 13-та трка ќе се вози во на патеката Спа-Франкошамп за Големата награда на Белгија на 28 август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
