-->
-->
Хамилтон најбрз во Монтреал
-->

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ја постигна втората победа сезонава (една по друга) или вкупно 45.та во кариерата откако синоќа на трката за Големата награда на Канада во Контреал прв ја мина стратно-целната линија.
Второто место му припадна на Себастијан Фетел од Ферари, а трет заврши Валтери Ботас од Вилијамс.
Клучно за победата беше на Хамилтон во дуелот со Фетел, беше изборот на гуми (пред трката врнеше дожд) и застанувањето во боксовите.
Лош старт на трката имаше водечкиот во генералниот пласман Нико Розберг (Мерцедес), откако беше „истуркан“ од Хамилтон, но сепак успеа да стигне до 5.то место, додека пред него се пласира Макс Верстапен од Ред Бул.
За Хамилтон ова воедно беше и петтата победата на патеката „Жил Вилнев“.
Во генералниот пласман води Розберг со 116 бодови, Хамилтон има 107, Фетел 78. Кај конструкторите водечки е тимот на Мерцедес со 223, а Ферари има 147.
Шампионатот во Ф1 ќе продолжи на 19.јуни со трката за Големата награда на Европа што ќе се вози на патеката во Баку.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
