-->
-->
Хамилтон најбрз во квалификации
-->

Возачот на Мерцедес и светски шампион во формула 1 Луис Хамилотн се избори за првото место во квалификациите што денеска се возеа за Големата награда на Австрија. Тој на утрешната трка ќе стартува од пол позицијата. Зад Бритенецот се пласираа тројца Германци (Розберг, Хулкенберг и Фетел).
Второ време постигна неговиот клупски колега Нико Розберг, а трето Нико Хулкенберг од Форс Индија. Но, Хулкенберг ќе биде утре до Хамилтон дека Розберг има казна од пет места и ќе стартува како седмопласиран.
Петтопласираниот од квалификациите Џејсон Батон со Мекларен ќе стартува од третата позиција бидејќи казна од пет места има и за Фетел од Ферари. На четвртото и петото место на утрешниот старт на трката ќе бидат поставени болидите на Кими Раиконен од Ферари и на Даниел Рикиардо од Ред Бул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
