-->
-->
Хамилтон: Ферари има најдобар болид
-->
Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон имаше проблеми со болидот на последната трка за ГН на Монако што се одржа викендов и го освои шестото место и имаше лоши квалификации претходниот ден. Тоа е една од причините што Британецот заостанува 25 бодови зад првопласираниот во генералниот пласман Себастијан Фетел од Ферари.
- Болидот се однесуваше сосема поинаку од тоа што сме навикнати, што беше ново и за механичарите. Работите едноставно не одеа како што треба. Изгледа дека болидот на Ферари функционира на сите патеки. Ќе има многу работа во следните 14 трки. Мислам дека Ферари има најдобар болид, изјави Хамилтон.
Токму тимот на Ферари на последната трка во Монако по седум години имаше „еден-два“ победа, а Кими Раиконен беше најбрз во квалификациите.
Следната трка се вози на патеката „Жак Вилнев“ во Монтреал за Големата награда на Канада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце
-
Црн облак го покри Скопје - се запали отпад за старо железо: се евакуираше дел од населението
-
Извештајот за Македонија изгласан во Европскиот парламент без македонски јазик и идентитет
-
Реакција за Извештајот
-
Европратеничката Јовева со јасна порака до соседите
-
„Стануваме енергетска крстосница во регионот“ - почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Голем интерес за брзата пруга