Хајндл: Времето е кратко, потребен заеднички напор на партиите
Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл, во пишаната изјава до медиумите вели дека допатувал во Македонија за да се запознае со ситуацијата и посочува дека времето е кратко и оти сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи.
- Дојдов за да се запознаам со ситуацијата и првенствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот, стои во изјавата на Хајндл, лиферувана од Амбасадата на Германија.
Хајндл, кој престојува во дводневна посета на Скопје, попладнево во МНР има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
Потоа тој ќе се сретне со амбасадорите на земјите - членки на ЕУ и на САД во Македонија, а доцна поплдне и утре ќе разговара и со претставници на партиите потписнички на договорот од Пржино.
Хајндл неодамна беше именуван од страна на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер за специјален пратеник на Берлин кој ќе работи заедно со Европската Унија и САД и ќе помага при решавање на кризата во Македонија.
Ново на Сител
-
Албанскиот претседател в понеделник во посета на Косово, прва надвор од земјата по изборот
-
Груби: Охридскиот договор е камен-темелник на сите демократски достигнувања
-
Османи: Рамковниот договор е еден од уставните и политички темели на современа С. Македонија
-
БЕСИМИ: Со Рамковниот станавме земја за пример
-
Столтенберг: НАТО развива сет мерки специјално прилагодени за Босна и Херцеговина
-
Пожарот во природен парк во Португалија под контрола, уништени 17.000 хектари шума
-
На Табановце и Пелинце за влез и излез од државата се чека околу два часа
-
Лефков: Прославата за Рамковен е приватна забава на ДУИ и не придонесува за подобар живот ниту на Албанците, ниту на Македонците