Свет
17. August 2016 - 8:33

Гватемалскиот вулкан Сантјагито го преплави со пепел соседно Мексико

Гватемалскиот вулкан Сантјагито исфрли столб од вулканска пепел со височина од 5000 метри надморска височина и го преплави соседно Мексико, пренесува БТА.

Вулканот се наоѓа на 64 километри од границата на Гватемала со Мексико.

Сантјагито е еден од најактивните вулкани во Латинска Америка и годишно еруптира по 76 пати.