-->
-->
Гвардиола: Фоден во моментов е најдобар играч во Премиер лигата
-->

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во суперлативи зборуваше за играч Фил Фоден. Актуелниот шампион го совлада Манчестер Јунајтед со 3:1 по пресвртот во вториот дел.
Пресвртот го режираше Фоден со два гола, а точка на натпреварот стави Ерлинг Халанд.
„Во моментв тој е најдобриот играч во Премиер лигата“, рече Гвардиола без двоумење, осврнувајќи се на фактот дека крилниот напаѓач на неговиот тим одигра 40 натпревари досега во сезоната.
„Тој отсекогаш бил талентиран фудбалер, но сега созреа и подобро ја разбира играта, особено дефанзивниот дел. Може да игра на средина, десно, може да пробие внатре, лево, да дава голови. Што да се каже повеќе за него? Тој е најдобриот играч во лигата во моментов поради се што прави“, заклучи Гвардиола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
