Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
Гужви за влез во Охрид. Поради градежните зафати затворен е патот кај селото Подмолје, се патува по стариот пат на кој секојдневно има колони возила но и сообраќајни несреќи а дополнителен проблем претставуваат и велосипедистите кои се движат на овој патен правец .Од охридската полиција највија засилени контроли во пресрет на шпицот на сезоната.
Охридската полиција апелира до сите учесници во сообраќајот за строго почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.
Од Јавното претпријатие за државни патишта најавија дека интензивно се работи на терен со посебен акцент на делницата од село Врбјани до Охрид, кој треба да биде пуштен во употреба кон крајот на јуни најдоцна почеток на јули но и на патот кој моментално е затворен од Подмоље до Охрид.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар