Гужва на граница: Еве колку се чека на граничниот премин Богородица
- На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е до 50, односно 30 минути.
Од дежурната служба на ГП Богородица велат дека од македонска страна граничниот премин работи со полн капацитет и оти се пуштени сите шест ленти, но оти застојот е од грчка страна и засега не се познати причините. Поради тоа побавно се пропуштаат возилата и се чека 45 до 50 минути, велат од дежурната служба и додаваат дека очекуваат со таквиот проток на сообраќај за половина час двете граници да бидат споени со возила.
Според последните податоци на Автомотосојузот на Македонија, на ГП Дојран се чека од 15 до 30 минути, а на останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и за излез од државава.
АМСМ информира и за зголемен интензитет на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
