-->
-->
Гутереш: Ризикот од нуклеарен конфликт се врати по децении
-->
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека ризикот од нуклеарна конфронтација се вратил по децениското отсуство, и ги повика земјите со нуклеарно оружје да се заложат дека нема да бидат први што ќе го користат.
- Секој напад на нуклеарна централа е „самоубиствен“, предупреди Гутереш, мислејќи на новото гранатирање на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа.
- Се надевам дека тие напади ќе престанат. Во исто време, се надевам дека МААЕ ќе може да добие пристап до централата, додаде генералниот секретар на ОН.
Гутереш тоа го изјави на прес-конференција во Токио, откако присуствуваше на комеморативната церемонија во саботата по повод 77-годишнината од првото атомско бомбардирање во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата