Македонија
25. јуни 2023 - 18:09

Густ црн чад на две локации покрај Вардар попладнево ги вознемири жителите на Карпош | ФОТО+ВИДЕО

Густ црн чад на две локации покрај Вардар попладнево ги вознемири жителите на Карпош.Чадот бил пријавен и во противпожарната служба на Град Скопје од каде за Сител велат дека се работи за запалени гуми и кабаст отпад на улица „Скупи“.

На терен излегле две противпожарни возила од потстаницата од Ѓорче Петров и работат на гаснење на запалениот отпад.

Иван Кузмановски