„Гугл“ тврди дека постигнале квантна надмоќ
Гугл тврди дека го изградиле првиот квантен компјутер за пресметување и решавање проблеми над можностите на најмоќните денешни суперкомпјутери, објави „Фајненшл Тајмс“.
Истражувачите велат дека тоа значи „квантна супериорност“ кога квантните компјутери вршат пресметки што претходно биле невозможни.
„Ова драматично забрзување над сите познати класични алгоритми овозможува експериментална реализација на квантната супериорност. Колку што знаеме, овој експеримент означува прва пресметка што може да се изврши само од квантен процесор”.
Како што се наведува, системот може да изврши само една високо-технолошка пресметка, но потребни се многу години да се користат квантни машини за решавање практични проблеми.
За разлика од основните бинарни елементи на класичните компјутери, или битовите што претставуваат нули или единици, квантните битови или кубити можат да ги претставуваат и двете во исто време.
Со поврзување на кубитите, квантните компјутери истовремено можат да обработуваат огромни количини информации, додека традиционалните компјутери мораат тоа да го работат секвенцијално.
Ново на Сител
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија
-
Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“
-
ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале
-
Запленети фалсификувани производи во Нови Сад и Белград, меѓу кои има бисквити, детергенти и шампони
-
Токсикологија: Поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ...
-
ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“