Грушко: Не се мешаме во работите на Грција околу името на Македонија
Заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко изјави дека Москва не се меша во внатрешните работи на Атина во ситуацијата поврзана со името Македонија, но ќе продолжи да го искажува мислењето по тоа прашање, бидејќи тоа е во надлежност на Советот за безбедност на Обединетите нации.
-Ние на никаков начин не се мешаме во внатрешните работи на Грција, но по прашањата кои спаѓаат во надлежност на Советот за безбедност на ОН, Русија ќе го изразува сопственото мислење,изјави рускиот дипломат, пренесе ТАСС.
Грушко изјавил дека коментарот на руското МНР со кој се осудува одлуката на македонскиот Парламент да го промени Уставот заради промена на името на земјата претставува суштинска оценка за тоа „како течеле преговорите (помеѓу Атина и Скопје за преименување на Македонија), под чиј меѓународен притисок и за мешањето без преседан кој го покажал западот во постигнување на потполно јасни геополитички цели“.
Грчкото Министерството за надворешни работи во реакцијата по соопштението на руското МНР во врска со Договорот од Преспа, соопшти дека Договорот уште од потпишувањето придонесува во зајакнувањето на мирот и стабилноста на Балканот, воедно е и меѓународно признат модел за решавање на разликите меѓу две независни суверени држави под покровителство на ОН, без мешање на трети страни.
-Споменување на политички случувања во внатрешноста на земји пријатели од руското Министерство за надворешни работи не е во согласност со нивото кое ги карактеризира грчко-руските односи и трајните врски на пријателство меѓу нашите народи, велат од Министерството за надворешни работи на Грција и додаваат дека ова создава „разумна загриженост бидејќи го занемарува одреденото со закони и ефективното демократско функционирање на институциите во Грција и на Уставот во кој има јасни одредби“ за справување со секакви можни случаи и „секако не е сфера за коментари од страна трети страни“.
И македонското Министерство за надворешни работи вчера објави реакција на коментарот на руското МНР во врска со усвојувањето на уставните измени што произлегуваат од Договорот од Преспа, напоменувајќи дека овој Договор не само што не задира во интереси на трети страни, туку суштински придонесува за регионалната стабилност.
-Договорот од Преспа не само што не задира во интересите на трети страни, туку суштински придонесува кон регионалната стабилност, пријателство и соработка и како таков претставува пример и модел за решавање на отворени прашања меѓу државите, се наведува во реакцијата на македонското МНР.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп