-->
-->
Групна крштевка во водите на реката Бабуна кај Велес
-->

Во организација на Повардарската Епархија денеска, во водите на реката Бабуна во непосредна близина на Велес се одржа групна крштевка.
Со овој свет чин во православната христијанска вера беа воведени 28 граѓани, од кои 18 од Велес и 10 од Скопје.
Најмладиот кој беше крштеван е едно и полгодишниот Лука Јованов од Велес, а највозрасниот 65-годишниот Бобан Вујичиќ од Скопје, кој се кршевање заедно со својот син и ќерка.
Светиот чин на крштевањето во водите на реката Бабуна го извршија свештеници од Епархијата Повардарска.
- Кршевањето е голем чин за секој граѓанин, кој се воведува во православната христијанска вера и тоа е момент на спојување со Бога. Тоа е воедно, и влез во православната христијанска црква, потенцира за МИА, прота Борис Симоновски.
Како што појаснуваат од Повардарската Епархија, за пофалба е што интересот за групното крштевање во водите на Бабуна кај Велес, веќе осма година кај граѓаните не опаѓа. Воедно, прекинувањето на групното крштевање во Матка, е причина што се’ поголем број граѓани од Скопје доаѓаат на групното крштевање во Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
