Група пратеници од ЕП бараат укинување на зимско и летно сметање на времето

Група од 70 пратеници во Европски парламент се залагаат за укунување на директивата на Европска комисија за поместување на стрелките на часовникот двапати годишно.
Барањето за укинување на промена на времето двапати годишно покренато е поради се поголемиот број докази за негативното влијание на таквата пракса.
- Научните истражувања покажуваат дека 20 проценти од популацијата страда од здравствени проблеми поради менување на часовникот, истакна Павел Свобода, чешкиот пратеник од Европска народна партија (ЕПП), која ја предводи неформалната работна група.
Тој додаде дека покрај негативното влијание врз човековиот биоритам, промената на стрелките на часовникот доведува и до поголем број сообраќајни несреќи, како и пад на продуктивноста на работното место.
Свобода посочи и дека поместувањето на стрелките на часовникот е воведено со цел да се заштеди енергија, но таквата цел никогаш не е исполнета.
- Студијата на ЕП јасно покажа дека укинувањето на промена на времето е добро за нашите 510 милиони граѓани, посочи Свобода додавајќи дека предлогот има силна поддршка во земјите-членки на ЕУ, а Полска веќе презела први законодавни чекори за тоа прашање.
Преминувањето на летно и зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на Северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.
Поместувањето на стрелките на часовникот во Европа е воведено на почеток на 70-тие години од минатиот век со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија и се зголемува продуктивноста.
Зимско и летно сметање на времето не е воведено во сите држави. Русија во 2011 година целосно го укина поместувањето на стрелките на часовникот, а Исланд е единствената европска земја која ја нема воведено таквата пракса.
Ново на Сител
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
