Груевски: Во 2016-та ќе има ново зголемување на пензиите и социјалната помош од 5 отсто
Ново зголемување на пензиите и на социјалната помош за пет отсто најави денеска премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.
Како што рече Груевски, во 2016-та треба да почне и изградбата на нови државни пензионерски домови за пензионери со пониски пензии, како и нови градинки.
Според премиерот, идната година и земјоделците ќе можат да сметаат на нови 150 милиони евра субвенции.
- Во 2015-та пораснаа пензиите на пензионерите за пет отсто, а ќе следи таков раст и во 2016-та, како и раст на минималната плата, согласно ветеното. Досега, од 2006 година, просечната пензија порасна за 70 отсто, а најниската пензија за 84 отсто. Социјалната помош, пак, наместо за ветените пет отсто во 2015-та порасна за 10 отсто, и ќе има ново покачување во 2016-та од најмалку пет отсто. Се изградија 10 нови детски градинки, и уште четири се при крај, а уште повеќе се планираат за 2016-та, рече Груевски.
Продолжува и стабилната, континуирана поддршка во земјоделството, не само преку субвенциите, туку и преку помош на млади земјоделци, подигнување нови насади и набавка на приплоден добиток, систем капка по капка, градба на системи за наводнување.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип