Груевски: Треба да остане правото на глас на дијаспората

Дијаспората е нераскинлив дел од македонското ткиво и силен подржувач на државата. Треба да остане правото на глас и на избор на нивни пратеници во Парламентот бидејќи тоа е симболичен гест на државата за да се оддолжи за нивната поддршка и да се слушне нивниот глас во Парламентот, смета премиерот Никола Груевски.
- Без оглед на причините поради кои се иселиле од Македонија, најголем дел од нив со душа и срце и помагаат на Македонија, ги следат настаните во Македонија, придонесуваат за развојот на Македонија. Оттука, би апелирал до сите политички партии да не се ускратува можноста не само на глас на дијаспората, туку и на нивни пратеници, рече премиерот Груевски во одговор на новинарско прашање по посетата на ОУ „Никола Петров Русински“ во населено место Русиново, Беровско..
Тоа, нагласи, ќе значи дека ние овдешните политички чинители сакаме да го тргнеме нивното мислење, да не се почитува и да не се слушне во Парламентот.
- Она што во изминатиот период се предлагаше беше не да се укине гласањето на дијаспората, туку да се направат такви законски измени со коишто дијаспората ќе има еден или ниеден пратеник. Доколку опозицијата или која било партија има забелешки на изборниот процес и неправилности во изборниот процес ние сме целосно отворени да ги разгледаме, да промениме нешто, да подобриме, да надградиме, но не и да се направат закони со кои де јуре дијаспората ќе има три пратеници, но де факто во реалноста кога ќе дојдат изборите ќе има еден или ниеден пратеник. Такво нешто не е фер кон луѓето во дијаспората. Тоа е на некој начин работење зад грб на дијаспората, прецизира премиерот.
Според него, да се бара во дијаспората да гласаат седум, осум до девет илјади луѓе за избор на пратеник не е коректно, бидејќи тие не се во иста ситуација како домашните гласачи.
- Јас или господинот Заев и кој било друг политичар во Македонија или кој било граѓанин во Македонија гласаме во нашата улица или во соседната улица. Тие луѓе во најдобар случај патуваат по 10 до 15 километри, а нејчесто по 100, 200, 300, 500, а некогаш и по илјада километри за да гласаат и нормално е дека таму гласањето е со помал број на гласачи, но она што е важно дека на секои избори одѕивот и интересот на гласачите во дијаспората расте. Треба да се остави таа шанса што ја имаат, да не се прават законски акробации со кои де факто ќе им се одземе пратеникот, туку да се даде шанса да се вложат напори бројот на гласачи од нивна страна да расте и да се слушне нивниот став со нивен пратеник од таму во Парламентот на Македонија, рече груевски.
Тоа, потенцира, е најмалку што можеме да им возвратиме и е симболичен гест на државата да и овозможи на дијаспората да има свој претставник во Парламентот.
Ново на Сител
-

Кушнер: Израел мора да се ослободи од воениот менталитет
-

Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда
-

Осум лица завршија во болница откако 55-годишник предизвикал пожар во стан во Охрид
-

Случаен минувач го пронашол застреланиот маж кај Смилковско Езеро, приведено осомничено лице
-

Маѓар: Унгарија нема да прифати буџет на ЕУ, за кој би требало поголеми придонеси
-

Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните две години, но сигурен сум дека ќе го надминеме
-

Николоски: Со „Дојче Телеком“ разговаравме за нови инвестиции и дата-центар во Македонија
-

Возрасни лица имале полови односи со малолетник кој се оддалечил од Установа за згрижување деца
